Се урна хеликоптер на армијата на БиХ – спасени сите четворица членови на екипажот

 

Хеликоптерот на вооружените сили на Босна и Херцеговина се урна во реонот на Јабланичкото езеро. Министерството за одбрана на БиХ соопшти дека екипажот не е во животна опасност.

Несреќата се случила околу 11 часот, а засега не се знае која е причината.

„Во хеликоптерот имало четворица членови на екипажот. Тројца не се повредени, а еден побарал лекарска помош“, информираа надлежните.

Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина ја соопшти состојбата на екипажот.

„Четиричлениот екипаж, составен од пилот, копилот, техничар за летање и специјалист на службата за пребарување и спасување, не е опасен по живот и се наоѓа во итната медицинска помош во Коњиќ“, информираат од Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.

Министерството соопшти дека хеликоптерот бил ангажиран на генерална проба за планирана вежба со цивилната заштита на општина Коњиќ, која требаше да се одржи во четврток, на 29 август.

Сите надлежни служби веднаш се испратени на терен за да се утврдат околностите за падот на хеликоптерот.