Приватен хеликоптер, според првичните неофицијални информации, претпладнево се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, подрачјето што од вчера е зафатено од невремето „Илиас“.
Хеликоптерот од местото Мантуди на Евија полетал кон Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата, се изгубил од радар и започнала спасувачката акција од воздух, копно и море.
Падот на хеликоптерот го потврди градоначалникот на Мантуди, Георгиос Цапурниотис, говорејќи за државната телевизија ЕРТ, додека пак, според видеата објавени на социјалните мрежи, хеликоптерот паднал во море.
Засега не постојат информации за бројот на патници, а спасувачката акција е во тек.