Се урна тунел во Република Српска, едно лице загина, две се повредени

Едно лице загина денеска во Невесиње кога врз него се урна тунелот „Зови до“. Двајца работници со повреди се пренесени во болница во овој град.

„На 18.09.2022 година во Полициската станица Невесиње било пријавено дека се урнал тунелот „Зови До“ во градот Џинова Махала во Невесиње, во Република Српска. Во несреќата загина лицето со иницијали А.Ѓ. Двајца повредени работници се извлечени и сместени во болницата Невесиње“ велат надлежните.

Дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Требиње заедно со полициските службеници од полициската управа Требиње вршат увид на лице место кога ќе се исполнат условите за истрага.

За дополнителни информации за настанот е одговорно Окружното јавно обвинителство во Требиње.