
Четири лица загинаа во падот на хеликоптерот Ми-8 во регионот Чељабинск, изјави денеска за ТАСС портпаролот на руските воздухопловни служби.
„Во Ми-8 имаше четири лица, загинаа. Хеликоптерот извршуваше тренажен лет“, изјави портпаролот.
По несреќата следел пожар.
Според претходните извештаи, хеликоптер кој претходно и припаѓал на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) се урнал во шума во близина на селото Прудни.
Во хеликоптерот имало само членови на екипажот.