Се урна авион на НАТО на границата Грузија–Азербејџан

Несреќата се случила во регионот Рустави во Грузија, околу 160 километри од руската граница. Иако првично се јавуваше дека станува збор за изгубен хеликоптер, подоцна беше потврдено дека се работи за транспортен авион C-130, еден од најкористените воени транспортни авиони во светот.

Во близина на границата меѓу Грузија и Азербејџан се урнал воен транспортен авион на НАТО во сопственост на Турција. Авион C-130, кој полетал од Азербејџан кон Турција, изгубил контрола и се распаднал на два дела во воздухот, при што изгорените остатоци паднале на земја, предизвикувајќи голем облак чад.

Турското Министерство за одбрана потврди дека се во тек операции за пребарување и спасување во координација со грузијските власти, но сè уште нема информации за причините за несреќата или бројот на загинати членови на екипажот.

Несреќата се случила во регионот Рустави во Грузија, околу 160 километри од руската граница. Иако првично се јавуваше дека станува збор за изгубен хеликоптер, подоцна беше потврдено дека се работи за транспортен авион C-130, еден од најкористените воени транспортни авиони во светот.

Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека деталите за местото на полетување, бројот на персоналот и точната рута сè уште не се познати.