Се урна авион во Кина, бројот на жртви не е познат!

Патнички авион на компанијата „Чајна Истерн Ерлајнс“ со 132 лица денеска се урна во јужна Кина, соопштија тамошните воздухопловни власти.

Државните медиуми јавуваат дека бројот на жртвите засега не е познат.

Авион од типот „Боинг 737“ што летал од Кунминг за Гуангжу „го загубил воздушниот контакт над градот Вужоу“ во јужниот регион Гуангкси, соопшти Кинеската управа за цивилно воздухопловство.

„Во моментов, потврдено е дека авионот на тој лет се урнал“ – соопшти CAAC, додавајќи дека била активирана процедурата за реакција при итни случаи и „е испратена работна група на местото на настанот“.

Авионот превезувал 123 патници и девет членови на екипажот.

Најголемата авионска несреќа во Кина се случи во 1994 година кога при пад на авион на „Чајна Нортвест Ерлајнс“ загинаа сите 160 патници.

https://twitter.com/i/status/1505824287248519172