Малолетното девојче М.Ј. (15) се удавило вчера во Дрина кај Шабац во 16 часот и 30 минути додека била на плажа со својата тетка, а како што е познато телото на девојчето се уште не е пронајдено.
Спасувачките нуркачи се на терен и трагаат по телото на девојчето. Давењето се случило во месноста Адамовача, како што мештаните ја нарекуваат оваа делница од реката Дрина, во Прњавор.
Несреќната девојка живеела во близина, а кобниот ден тетка и ја однела на капење во Дрина, на топол ден.
„Видов неколку автомобили како брзо се движат од правец на Дрина. Веднаш помислив дека нешто се случило. Луѓето викаа дека се удавило девојче. Тоа е доблесно и скромно семејство кое живее во близина. Таа е осмо одделение, вечерва требало да слави матура“, вели еден од соседите кој случајно се нашол во близина на несреќата.
Според мештаните, овој дел од реката е полн со вртлози создадени од експлоатација на чакал, а речиси и да нема лето кое не зема жртви.
„Дрина е целосно уништена, полна е со вртлози од копање чакал. Опасна е за искусни капачи и за некој што не знае да плива. Ја уништија нашата река и сега нашите деца се дават во неа“, вели еден од мештаните потресен од вчерашната несреќа – објавуваат српските медиуми.