Се трага по давеник во Дојранското Езеро, се качил на педалинка, а не знаел да плива

Центарот за управување со кризи информира за давеник во Дојранското Езеро, кој денеска околу пладне исчезнал во водите на езерото.

Лицето не е пронајдено и е непознато.

Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка која најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива.

Нема податок дали давеникот носел безбедносен елек.

Видливоста во езерото е само до еден метар длабочина.

Местото каде се претпоставува дека се удавил има многу трски и алги.

Побарана е помош од специјалните нуркачки единици на МВР.