Се судрија два автобуса во Осиек – има многу повредени
На улицата „Вуковарска“ во Осиек, Хрватска, нешто пред 7 часот се судрија два автобуса. Многу брзо по сообраќајната несреќа на местото на настанот пристигнале неколку екипи на Итна медицинска помош кои им пружале помош на повредените. Како што неофицијално дознава Глас Славоније, повредени се околу 15 лица. Радио Осиек јавува дека никој не е сериозно повреден.

„Утринава во 6 часот и 39 минути дошло до судир на два автобуси на Градскиот патнички превоз на раскрсницата на улиците „Вуковарска“ и „Цесариќева“. Неколку лица се повредени. Увидот е во тек“, соопшти полицијата.
Од полициската управа Осиек-Барања известија дека дојава за несреќата добиле во 06:39 часот. Полициски екипи се на терен и повеќе информации за тоа како дошло до несреќата ќе бидат објавени по завршување на истрагата.