Се судриле комбе, автобус и цистерна – има најмалку 27 жртви

Во најголемата сообраќајна несреќа во Украина во последните 10 години загинаа најмалку 27 лица, во северозападната област Ровенскаја.

Според информацијата која ја објави „Страна дејли“ повикувајќи се на изјава на помошникот-министер за внатрешни работи – Антон Герашченко, несреќата се случила синоќа на автопатот што ги поврзува Киев и Чоп.

Се судриле комбе, автобус и цистерна. Дошло и до пожар што ги зафатил возилата.

„Само 12 од 38-те патници од автобусот преживеаја“ – рече Герашченко.