Хеликоптерот паднал во океан во близина на брегот на западна Норвешка. Несреќата се случила вчера, откако било известено дека хеликоптерот исчезнал од радарските станици. Тамошната полиција соопштила дека по пронаоѓање на хеликоптерот едно лице е починато, а другите пет кои биле во леталото се повредени.
Како што велат норвешките власти, хеликоптерот „сикорски С-92“ управуван од Бристу Норвешка во време кога се случила несреќата бил во мисија за обука и спасување.
Спасувачите извлекле шест лица од морето, но кај едно лице подоцна била констатирана смрт во болница.
„Еден од петте преживеани имал само полесни повреди, додека останатите четворица се здобиле со различен степен на повреди“, велат од полицијата.
Причината за несреќата сè уште не е позната.
Локхид Мартин Сикорски, кој е производител на хеликоптерот, рече дека безбедноста на овие летала е нивен главен приоритет и оти се подготвени да ја поддржат истрагата во која би се утврдиле причините за несреќата.
Енергетската групација Еквинор соопшти дека хеликоптерот, кој бил во мисија за пребарување и спасување, вообичаено ги опслужувал платформите на полето за нафта и гас Осеберг во Северното Море.