Најниската жена на светот Џоти Агме и највисокиот маж на планетата Султан Косен се сретнаа во Калифорнија.
Невообичаените физички карактеристики ги доведоа до книгата на рекорди. Тие инспирираат многумина со нивните животни приказни бидејќи храбро се справуваат со сите животни предизвици.
Јоти Агме од Индија достигна висина од 62,8 см. Родена е на 16 декември 1993 година во Махараштра, Индија. Нејзината мајка тврди дека таа била со нормална големина при раѓањето и во раните детски години. Таа престана да расте на петгодишна возраст, но продолжи да посетува редовно училиште.
Нејзината големина не ја гледала како пречка, благодарение на непоколебливата поддршка од нејзиното семејство. Нејзината сестра и беше голема помош за време на студиите кои Јоти успешно ги заврши.
-Кога не беше толку позната, луѓето ја задеваа и и се потсмеваа, тогаш беше многу депресивна – рекол нејзиниот татко.
На почетокот лекарите мислеле дека причината за висината на оваа девојка е недостатокот на хормон за раст. Подоцна било утврдено дека нејзината состојба е предизвикана од ахондроплазија, форма на џуџест раст, пишува „Bright side“.
Кога наполнила 18 години, Гинисовата книга на рекорди ја прогласила за најниска жена на светот, поради што се чувствувала „посебна, важна и сакана“.
Јоти Амге е многу популарна актерка во родната Индија, а станува се поуспешна и во Холивуд! Јоти е многу активна на Инстаграм каде има импресивни 1,1 милион следбеници.
Султан Косен е земјоделец од Турција, висок 2,51 метар. Причината за неговиот раст е тумор кој влијае на функцијата на хипофизата. Поради висината мора да оди со патерици. Тој е познат и по својата насмевка со која секогаш се појавува во јавноста.
Тој ги истакнува предностите на неговата висина, велејќи дека може да гледа на голема далечина, но и да му помага на семејството во домашните работи, на свој начин.
Тој се пожали дека му е тешко да најде соодветна облека и обувки (должината на внатрешната страна на ногата е 113 сантиметри, а должината на ракавот е 97 сантиметри).
Тој се ожени со Мерве Дидо пред 11 години.