Се сечат и расчистуваат паднати дрвја низ Скопје

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека по неповолните временски услови, екипи се испратени на терен, се реагира навремено и координирано.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека по неповолните временски услови, екипи се испратени на терен, се реагира навремено и координирано.

Истовремено, градоначалникот апелира на внимателност.

– Екипите се на терен, реагираме навремено и координирано. Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Нашите служби веднаш излегоа на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните, посочува градоначалникот на Фејсбук.

Ѓорѓиевски додава дека се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имало застој.

– Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот. Апелирам до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен. Продолжуваме посветено и одговорно, истакнува Ѓорѓиевски.