Германската владејачка коалиција од три партии се распадна вечерва, откако канцеларот Олаф Шолц најави дека ќе го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер поради постојаните несогласувања околу економските реформи.
Кризните разговори во коалицијата на Социјалдемократската партија на Шолц, Зелените и Слободната демократска партија на Линднер дојдоа до врвот откако ФДП објави документ со барања за либерални економски реформи кои другите две партии тешко ги прифатија.
За време на драматичната средба на лидерите на трите партии денеска, Линднер му рекол на Шолц дека не гледа начин да ја продолжи коалицијата и го повика да го отвори патот за предвремени избори во Германија.
Тоа предизвикало Шолц да објави дека ќе го разреши, изјавија два извори за Политико.
Шолц потенцијално би можел да се обиде да продолжи да владее во малцинска влада, но нема мнозинство да го донесе буџетот, што ја зголемува можноста за гласање недоверба и предвремени избори – потенцијално на почетокот на март, наведува медиумот.
ФДП е најмалата партија во коалицијата и има само четири отсто поддршка, што е под прагот за влез во парламентот. Следните федерални избори се закажани за септември.
Минатата недела „политичкиот документ“ на Линднер стана јавен, благодарение на, како што рече, „недискреција“. Документот ги содржи неговите барања кои треба да ја подобрат економијата, на пример со намалување на даноците за компаниите, олеснување на климатските регулативи и намалување на субвенциите и социјалните бенефиции.
„Може да се разговара за предлозите на Линднер“, рече тогаш лидерот на СПД, Ларс Клингбејл, а веројатно ќе се преговара и за некои закони.
Клингбејл, сепак, повлече јасни линии: „Ако она што господинот Линднер веќе го предложи 500 пати, а ние веќе го отфрливме 500 пати, повторно се појави, а тоа е дека богатите луѓе во оваа земја имаат уште повеќе пари во џебовите, тогаш ќе не оди на тој начин“.