Со цел заштеда на електрична енергија македонската Влада размислува годинава да го задржи летното сметање на времето.
Доколку таа одлука биде донесена, тоа би значело дека нема да има поместување на стрелките на часовникот на крајот од овој месец, во зимските месеци ќе се разденува еден час подоцна, но денот ќе трае подолго.
Дебатата за укинување на зимското и летното сметање на времето ја отвори и Европската комисија пред четири години, а дури 83 отсто од жителите на Европската унија тогаш се изјаснија дека поддржуваат укинување на досегашниот начин на сметање.
Но поради пандемијата од коронавирусот, како и бирократијата, оваа идеја се уште не се спроведува во пракса.