На барање на МВР, активирано е рано предупредување за исчезнати лица, Amber Alert, со што се активирани и алатките за информирање на јавноста. На банкоматите за прв пат кај нас е објавена фотографијата на Марк Јорис, 72-годишен исчезнат Белгиец.
„МВР апелира до граѓаните доколку имаат информации за белгискиот државјанин Марк Јорис (72) кој на 18.09.2024 година беше прогласен за исчезнат од Интерпол на Брисел и Амбасадата на Белгија, да се јават во најблиската станица или на телефонскиот број 112″, велат од МВР.
Од МВР додаваат дека со помош на дрон била извршена контрола на теренот каде бил виден за последен пат но лицето не е пронајдено. Александра Радевска, координатор на проектот Amber Alert, вели дека кај нас првпат е проширен методот на пребарување .
Белгискиот државјанин Марк Јорис, беше прогласен за изчезнат на 18.09. кога а според пријавеното во МВР, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар – општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија.