Препорака од Комисија за заразни болести – да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјава. Овие потврди се уште ќе останат да важат за влез во угостителските објекти. Оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да се укине зашто Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш, туку постепено.
„Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките“ – изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.
Новиот предлогот за влез во земјава без сертификат за вакцинација или прележаност треба да биде усвоен од Владата.