Се предаде третоосомничениот за убиството кај Мавровка

Се предаде третоосомничениот за убиството кај Мавровка, дознава „Прес 24“.

Пред малку се појавил во полициската станица Пролет со тврдење дека не бил вмешан во убиството.

За првиот обвинет за убиството беше одреден притвор, вториот уапсен беше ослободен, а по третиот се трагаше од вчера.