Се преврте полициско возило во Белград

Сообраќајната несреќа се случила рано утринава во Нов Белград, кога полициско возило се превртело.

Според неофицијални информации на српските медиуми, превртувањето се случило по судир на „ауди“ и патролно возило.

Судирот се случил околу 10 часот, а едно лице се здобило со полесна повреда.