Се преврте минибус во Србија, едно лице загина

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава кај браната Ровни, кога минибус се сруши од карпа кај Ваљево, една жена загина, а повредените патници се извлекуваат.

Како што објави Курир, до несреќата дошло кога возачот на минибусот излегол од возилото за да го праша обезбедувањето на браната за преминување на браната Стубо-Ровни.

Најверојатно, возачот не ја повлекол рачната сопирачка, па минибусот по стрмна карпа се придвижил и се превртел. На местото на несреќата веднаш пристигнале сите служби за итна помош.

Последните информации говорат дека повредени се дури 17 патници.

На извлекување на повредените работат 6 пожарникари-спасувачи со две противпожарни возила.