Од засега неутврдени причини, утринава околу 10 часот на автопатот Миладиновци – Штип се превртел камион кој превезувал брашно.
Тој влетал во кабината за наплата на новата патарина, пред Штип.
Фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи покажуваат дека камионот удрил и се превртел меѓу два наплатни пункта.
Од МВР информираа дека возачот не е повреден.
Полицијата е излезена на терен, случајот се проверува.