Се појави „Кракен“ – нов сој на Ковид-19, понеопасен од „омикрон“

Новиот сој на коронавирусот – XББ. 1.5, со голема брзина се шири низ светот, а според податоците на Светската здравствена организација, тоа е најзаразниот вид откриен од почетокот на пандемијата.

Новиот вид познат и како „Кракен“, откриен е во најмалку 29 земји откако првпат се појави во Њујорк на 22 октомври, објави „Дејли мејл“.

По појавата на „Кракен“, забележан е голем пораст на бројот на заболени, што е прво забрзување од таа големина од појавувањето на „омикрон“ минатата зима.

„Кракен“ иако е многу заразен, според експертите сојот всушност е „роднина“ на „омикрон“ и е релативно понеопасен од неговиот претходник.

На здравствените работници во Велика Британија им е препорачано да носат маски, да работат од дома кога можат и да одржуваат социјална дистанца, со што се постои „ризик од колапс“ на британскиот здравствен систем, истакнува „Дејли мејл“.