Во соседна Грција потврден е и втор случај на мајмунски сипаници, кај 47- годишен маж кој неодамна патувал во Шпанија.
Од Националната организација за јавно здравје соопштија дека станува збор за втор увезен случај на болеста во земјата. Мажот е хоспитализиран и е во стабилна состојба.
Првиот тест за „non-variola orthopox“, вклучително и мајмунски сипаници, бил позитивен.
Оттаму истакнуваат дека „според досега достапните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација и понатаму е ниска, бидејќи болеста е обично блага и се карактеризира со релативно ниска преносливост“ и додаваат дека информирањето за случаи на мајмунски сипаници во земјата ќе се врши секој четврток.
Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше потврден во средата, кај маж кој неодамна патувал во Португалија.