Декларацијата за обединување на албанските опозициски сили ќе биде потпишана денеска во Скопје.
Потписи на декларацијата ќе стават лидерите на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари и опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП)- Изет Меџити на Демократското движење, Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами на Движењето Беса.
Претседателот на АА, кој е и градоначалник на Гостивар, Таравари завчера објави дека ќе биде кандидат за претседател на државата.
Неговата кандидатура, како што рече, е предлог на Претседателството на АА, со поддршка од ЕСП. Најави дека ќе се кандидира со доставување на 10.000 потписи, кои очекува да ги собере за два дена.