Се породи поранешната тенисерка број ден во светот
Поранешната прва тенисерка во светот, Наоми Осака на овој свет донесе ќерка, објави американскиот магазин „Пипл“.
Магазинот прецизира дека јапонската тенисерка се породила во Лос Анџелес и дека и таа и детето се во добра состојба.
Четирикратната грен-слем шампионка во јануари објави дека е трудна и откри дека очекува ќерка со раперот Кордеа со кој е во врска од 2019-та година.
Осака последната грен-слем титула ја освои во 2021 година на Австралија Опе, подоцна призна дека боледува од депресија. На тенисот се врати во јануаари во 2022 година и набрзо се соочи со повреда на Ахиловата тетива.
Последниот меч 25-годишната тенисерка го одигра во септември минатата година.