
По налог на Град Скопје екипи на ЈП „Улици и патишта” Скопје деновиве активно вршат залевање на пукнатините во асфалтната површина на булеварот „Партизнаски одреди“.
Залевањето на пукнатини претставува санациона мерка со која се спречува навлегување на вода, нечистотии и замрзнување во коловозната конструкција, со цел продолжување на нејзиниот работен век.
Со оваа постапка се обезбедува водоотпорно, еластично и трајно затварање на пукнатините со ширина од 3 до 25 mm, што значително ја намалува можноста за понатамошно оштетување на коловозот.
Екипите изминатиот период машински ги залеваа пукнатините на коловозните површини на улица „Френклин Рузвелт” и на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош”, а ќе продолжат и во наредниот период да ги санираат сите коловозни површини на градските улици и булевари, каде што има пукнатини во асфалтот.