Се очекува скок на цените на лебот, шеќерот, брашното, зејтинот ….
Денеска истекува шестмесечната мерка на владата со која цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснатите производи, како и сирењето и урдата беа замрзнати.
Ова значи дека ќе поскапат цените на оснвните намирници кои беа заштитени а Владата оваа мерка не ја продолжи.
Од Министерството за економија рекоа дека продолжувањето на оваа мерка би можело лошо да влијае на работата на компаниите од преработувачката индустрија и од трговската дејност.