Се очекува зголемување на каматите на Европската централна банка до јули 2023 година
Шефот на холандската централна банка Клас Кнот очекува дека Европската централна банка ќе продолжи да ги зголемува референтните каматни стапки за половина процентен поен во периодот јануари-јули 2023 година.
Кнот, според „Фајненшл тајмс“, рече дека се надева дека ЕЦБ ќе постигне „прилично пристојно темпо на затегнување“ на монетарната политика на следните пет состаноци, од сега до јули 2023 година, со зголемување на каматните стапки за половина процентен поен пред трошоците за задолжување да достигнат врв до летото.
– Сè уште постои зголемен ризик…Ние сме само на почетокот на второто полувреме, изјави тој за „Фајненшл тајмс“.
Кнот е и член на Управниот совет на ЕЦБ.