Се одржа традиционалниот Василичарски концерт

Синоќа во МОБ се одржа традиционален василичарски концерт,кои го претставија врвни солисти од операта заедно со хорот и оркестарот.
Ист таков ќе има и вечер, традиционално за овој христијански празник.
На сцената се појавија солистите Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Соња Пендовска- Мадевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас). Дириграа Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.
Беа изведени 18 арии, како увертирата од оперетата „Грофица Марица“ од Калман, дуетот на Ецио и Атила од операта „Атила“ на Верди, баркарола од операта „Хофманови приказни“ на Офенбах, сцена на Радамес и Рамфис од операта „Аида“ – Верди, арија на Адриана од операта „Адриана Лекуврер“, дует на Хана Главари и Гроф Данило од оперетата „Веселата вдовица“…
Со финалето од вториот чин од операта „Лилјакот“ од Јохан Штраус беше затворен концертот.