Се одлага посетата на Кирил Петков на Скопје

Се одлага посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје која беше најавена за 18. февруари. Засега нема информации кога истата ќе се реализира.

Причина за одложување на посетата на бугарски премиер кој од вчера е во карантин е поради контакт со претседателот на бугарското Собрание, Минчев кој бил позитивен на Ковид 19.

Посетата беше планирано да се реализира веднаш по стапувањето во функција на новата Влада на Македонија.

„Двете држави сведочат за важноста која ја придаваат на меѓусебните односи и соработка. На средбите се очекува да се реафирмираат досегашните резултати и постигнат напредок, како и да се воспостави дополнителна интензивна комуникација во насока на надминување на разликите за важни билатерални прашања меѓу двете земји“ – наведоа пред неколку дена од бугарското МНР.