– Ова е најтажниот ден во мојата кариера. Денеска наместо да славиме живот на мојот концерт, загубивме живот, пишува Калиопи на нејзиниот Инстаграм профил по вчерашната трагедија.
Македонската поп-дива Калиопи се наоѓа во полициска станица, каде треба да даде изјава по трагедијата што се случи на вчерашниот концерт во Белград, објави српски мондо.рс.
– Ова е најтажниот ден во мојата кариера… Денеска наместо да славиме живот на мојот концерт, загубивме живот… Во мое име и целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас… Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт… Новиот датум ќе биде објавен наскоро. Калиопи – стои во објавата на Истаграм.
Вечерва на концертот на Калиопи почина жена на која претходно ѝ се слошило. Брзата помош не можела да ја спаси и реанимира жената која изгубила свест, па починала во преполната сала. Калиопи била уплакана и цело време и била покрај ќерката на починатата жена.
Според српские медиуми жената со својата ќерка и пријателка допатувале од Македонија во Србија за да бидат дел од концертот на Калиопи.