ДСЗИ ја известува јавноста дека при инспекциски надзор извршен на ден 25.07.2018 година во ПЗУ Поликлиника од специјалистичко – консултативна здравствена заштита „Промедика медикал центар„ – Скопје заради непоседување на важечка дозвола за работа издадена од МЗ, е изречена забрана за вршење дејност со решение ИП1 бр.09-461.
„По изречената мерка, здравствената установа поднела барање за обновување на дозволата на кое МЗ позитивно одговорило и ја издало потребната обнова на дозволата која се уште е важечка.
На тој начин, мерката на ДСЗИ е спроведена, после што е обезбедено законито продолжување со работа на конкретниот субјект на надзорот.
Во иднина, ги повикуваме заинтересираните субјекти за работите од надлежност на ДСЗИ да се обратат директно до инспекторатот кој е отворен за пристап до сите информации од јавен карактер, со цел да не се вознемирува јавноста со неточни и невистинити информации.
ДСЗИ е орган со широк опус на надлежности, огромен обем на обврски особено во период на пандемиска криза која траеше исклучително долг временски период, но со стручен, професионален и посветен кадар чија цел е заштота на јавното здравје на граѓаните без никакви партиски или политички преференци во својата работа“, се вели во реакцијата на ДСЗИ.