Се обиделе да ја киднапираат ќерката на Нејмар
Бразилската суперѕвезда Нејмар доживеа вистински кошмар откако вооружени лица се обиделе да ја киднапираат неговата новородена ќерка Мави заедно со неговата партнерка Бруна Бјанкарди. Ова се случило во околината на Сао Паоло. Полицијата успеала да приведе еден од бандитите.
Бразилскиот печат пишува дека криминалците ги врзале родителите на инфлуенсерката додека го претресувале нејзиниот дом.
Тие упаднале во куќата со намера да киднапираат, но за среќа на Нејмар и неговото семејство, Бруна и Мави биле надвор од куќата.
Бруна Бјанкарди објави порака за да ги увери пријателите и семејството и го потврди нападот.
„Фала му на Бога дека се е добро и материјалните работи се обновени.
Нејмар сподели и порака: „Фала богу сите се добро“.
Criminosos invadiram a casa dos pais de Bruna Biancardi. Segundo a polícia, os bandidos tentaram sequestrar a ex-namorada e a filha de Neymar, Mavie. #BrasilUrgente pic.twitter.com/VorWMJkqsk
— Brasil Urgente (@brasilurgente) November 7, 2023