Се намалува цената на мазутот – бензините и дизелот со непроменета цена

Од 19 март 2022 од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар), моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар) и мазут М-1 НС 53,159 (денари/килограм).

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 19.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 проценти во однос на одлуката од 17.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Како што соопштија од РКЕ Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,362 денар/килограм и сега ќе изнесува 53,159 ден/кг.