Се мобилизираат приватните лекари во северна Грција

Од три региони од северниот дел на Грција, од среда започнува мобилизација на приватните лекари, кои во период од еден месец ќе помагаат во битката со пандемијата во државните болници.

Ќе се мобилизираат пулмолози, општи лекари и анестезиолози, јавуваат медиумите.

Брзото ширење на Омикрон направи грчките болници да се соочуваат со сериозни проблеми и недостиг на персонал со оглед на тоа што околу 2.500 здравствени работници се во карантин поради зараза со Ковид-19.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис најави дека атинска општа болница одново ќе стане ковид центар и ќе прима пациенти исклучиво со Ковид-19 и соопшти дека болниците во Атина ќе се зајакнат со околу 800 дополнителни кревети од приватните клиники.