Се крчка новата Влада – собранискиот спикер ќе е од ВРЕДИ

Составот на новата Влада е пред финален договор.

Она што може да се дознае е дека во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија остануваат МВР, Финансии, Транспорт и врски, Образование, Култура, Министерство за надворешни работи, Земјоделие, Локална самоуправа, Одбрана, Енергетика, Политички систем и други.

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе е министер за надворешни работи, а Тимчо Муцунски ќе е министер за одбрана. Информациите се дека актуелниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски останува на истата позиција.

Коалицијата ВРЕДИ ги добива министерството за животна средина и просторно планирање кој во исто време ќе биде и вицепремиер.

Според неофицијалните информации, Африм Гаши ќе е претседател на Собранието, Изет Меџити вицепремиер, Арбен Таравари – министер за здравство.

Потоа министерството за здравство и министерството за социјална политика, демографија и млади, исто припаѓа на ВРЕДИ.

Министерството за економија и труд, оди во рацете на ВРЕДИ, заедно со секторот Евроинтеграции, како уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

Претседател на Собранието исто така оди во рацете на ВРЕДИ.

Новото министерство за енергетика ќе го води Сања Божиновска, а Иван Стоилковиќ ќе го земе министерство за односи меѓу заедниците.

И преговорите со ЗНАМ финишираат добивајќи две министерства, министерство за правда и новото министерство за администрација.

Се очекува овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада.