Се интензивира кампањата за Локалните избори

Изборната кампања за Локалните избори 2025 година се интензивира пред молкот што започнува во петок на 17 октомври на полноќ и гласањето на 19 октомври. Политичките партии и коалициите одржуваат митинзи, средби со граѓани, а активни се и на социјалните мрежи. Низ 80-те општини и особено во Градот Скопје се забележливи и големи билборди со кандидатите за градоначалници. Независните кандидати кампањата, генерално, ја реализираат со прес-конференции, средби со граѓаните и особено на социјалните мрежи.

Изборната кампања за Локалните избори 2025 година се интензивира пред молкот што започнува во петок на 17 октомври на полноќ и гласањето на 19 октомври. Политичките партии и коалициите одржуваат митинзи, средби со граѓани, а активни се и на социјалните мрежи. Низ 80-те општини и особено во Градот Скопје се забележливи и големи билборди со кандидатите за градоначалници. Независните кандидати ја реаизираат кампањата, генерално, со прес-конференции, средби со граѓаните и особено на социјалните мрежи.

Денеска на 11 Октомври – Денот на востанието, ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Прилеп, Крушево, Кривогаштани и Демир Хисар. Кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција во централниот Штаб во центарот на градот.

СДСМ и коалицијата ќе одржат митинзи во Желино, Теарце, Тетово и во Јегуновце.

Претставниците на ПП Левица ќе одржат средби со граѓаните на Прилеп, Куманово, Старо Нагоричане и Кривогаштани.

Во Скопје прес-конференција најави и Зелен хуман град.

Во Гостивар прес-конференција ќе одржи кандидатот за градоначалник Висар Адеми.

На митинзите и средбите со граѓаните, на медиумските претставувања и на социјалните мрежи, кандидатите за градоначалници и за советници зборуваат за своите програми и проекти, но кампањата ја предводат лидерите на партиите и коалициите.