Се зголемува цената на горивата
Вечерва по полноќ ќе се зголемат цените на бензинот и на нафтата за домаќинствата, додека цената на дизел горивото нема да се менува.
Бензинот од 95 октани ќе поскапи за половина денар, а за еден денар по литар ќе поскапат бензинот од 98 октани и нафтата за домаќинствата.
Од 16.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 88,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 91,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 90,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм).