Шест пожарникари со две противпожарни возила ја гаснеа цистерната што утрово се запали на регионалниот пат Струмица-Радовиш.
Огнот избувнал во цистерната која превезувала дизел-гориво, а пожарот настанал нешто по 9 часот во близина на селото Владевци.
„Денес година во 09.18 часот, на регионалниот пат Струмица-Радовиш во близина на с.Владевци, ТППЕ Струмица со 2 ПП возила и 6 пожарникари, спасители интервенираше на гасење на запалена цистерна која превезувала дизел гориво. Благодарение на брзата интервенција пожарот е навремено локализиран и ликвидиран“, објавија на социјалните мрежи пожарникарите од Струмица.