Се запали кафуле во станбена зграда во Белград, пожарот зафати и станови

Во пожар кој избувнал во кафулето „Прајм“ во Нов Белград, биле зафатени и становите во станбената зграда, јавува Н1.

За среќа нема повредени во пожарот, но причинета е материјална штета. Станарите панично бегале надвор, а сите биле прегледани, и никој нема тешки повреди.

Пожарот брзо се проширил, а противпожарната служба брзо реагирала и го изгасила.

Првите три ката се тешко оштетени, прозорците се испукани вертикално, а климата на 9-ти кат е изгорена.

Како што претходно соопштија од противпожарната служба, искршени се многу стакла во зградата, а сега се проверуваат становите за да не остане никој во нив.

Среќа е и што плинските боци, кои биле во кафулето, не биле зафатени од пожарот.