Се замрзнуваат маржите на млечните производи
Владата на денешната 87-ма седница одлучи да се замрзнат маржите за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт. Со ова се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и на мало.
Од Владата појаснуваат дека при редовна контрола на Државен пазарен инспекторат, им било укажано на потребата од интервенција кај овие стоки поради растот на нивните цени.
Така, овие производи се додаваат на веќе посточеките, откако во јуни беа замрзнти маржите на основните прехранбени производи: бел леб и шеќер, сончогледово масло за јадење, брашно од пченица, макарони и шпагети, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко. Оваа одлука важи до 31 декември 2022 година.
На денешната Владината седница е донесена и Одлука за престанување на важење на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки. Одлуката за ограничување на извозот се однесуваше на пченица, брашно од пченица и семе од сончоглед.
Од Владата велат дека во предлогот на Министерството за економија за прекин на нејзината важност, се исполнува и обврската од Договорот за безбедносни механизми за храна во Западен Балкан, потпишан во септември, на Самитот на Отворен Балкан во Белград, а со цел да нема забрана за тргување со основните земјоделско-прехранбени производи.