Во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази, велат од Обвинителството.
„За тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот. Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката“, додаваат оттаму.
Тие се децидни и велат дека сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани.