Сестрата на Кецмановиќ ги труела децата: Нови морбидни детали од истрагата во „Владислав Рибникар“

Девојче на социјален собир истури хемиско средство за чистење во соковите на другите деца, а потоа го нарече „игра“.

Како и во најцрните филмски приказни, изминативе денови се појавија нови морбидни делови од мозаикот од масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“. По обвинението против Владимир и Миљана Кецмановиќ, таткото и мајката на момчето-монструм Коста, кое уби девет другари и чуварот на училиштето, се појавија детали од истрагата против нив. Тие детали се подеднакво страшни иако не се составен дел од обвинението.

Како што неофицијално дознава српски Телеграф, во истрагата против Миљана Кецмановиќ поради индиции за занемарување и злоупотреба на детето, инспекторите пронашле неверојатни информации за помладата сестра на Коста.

ТАА ПРИЗНА СЕ

– На еден собир со други деца им истурала домастос во чашите со сокови. Се завршило среќно бидејќи едно од децата забележало чуден вкус на чашата и ги алармирало родителите. Потоа настанала паника, а кога малите се смириле, откриено е кој е виновникот. Сестрата на момчето убиец признала се и објаснила дека тоа е „детска игра“ – вели информиран извор од истрагата.