Серија земјотреси на југот на Италија, најсилниот 4,4 степени

Серија земјотреси, од кои најсилниот беше 4,4 степени според Рихтеровата скала, вечерва го погодија јужниот дел на Италија.

Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на најсилниот земјотрес што се случил во 20 часот и 10 минути бил на 11 километри од Неапол, на длабочина од три километри.

Националниот институт за геофизика и вулканологија соопшти дека првиот силен земјотрес бил со јачина од 3,5 степени и бил почувствуван во Неапол.