Серија земјотреси ги погодија грчките острови

Серија послаби земјотреси ја погодија Грција во текот на ноќта и наутро.

Околу три часот наутро по локално време се стресе островот Крит, со јачина од три степени според Рихтеровата скала.

Следуваше серија послаби земјотреси кои зафатија многу делови на Грција.

Утрото во 6 часот и 13 минути се случи земјотрес со јачина од два по Рихтер, а потоа нешто пред пет часот наутро, со јачина од два степени.

Потоа имаше уште еден послаб земјотрес, а помал земјотрес е регистриран и утрово околу девет.