Серија земјотреси во Хрвaтска – најсилниот 4,2 степени според Рихтер

Најмалку седум земјотреси синоќа ја погодија Хрватска, јавува Сеизмолошкиот завод на Србија.

Првиот земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска синоќа во 22 часот и 39 минути, а потоа следеа уште најмалку шест земјотреси.

Следниот земјотрес бил со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала и бил регистриран во 5:14 часот.

Потоа следеше серија земјотреси – 2,2 степени според Рихтеровата скала во 5:21 часот, а потоа најсилниот земјотрес од 4,2 степени според Рихтеровата скала е забележан само 12 минути подоцна – во 5:33 часот.

После тоа Хрватска се стресе уште најмалку трипати, со земјотреси со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, 2,4 степени според Рихтеровата скала и 2,3 степени според Рихтеровата скала, кој е регистриран во 6.07 часот.

Засега нема информации за материјална штета.