Утринава серија експлозии предизвикаа бројни пожари на различни места во украинскиот град Одеса, изјавија локалните жители.
Експлозиите предизвикале најмалку три големи пожари во индустрискиот дел во стратешкото пристаниште во Црно Море.
Портпаролот на регионалната администрација – Сергеј Братчук изјави дека утрово е погоден еден од „критичните инфраструктурни објекти“ во Одеса.
„Се надевама дека нема жртви“ – посочи Братчук.