Серена Вилијамс стана мајка по вторпат

 

Серена Вилијамс, 41-годишната американска професионална тенисерка стана мајка по втор пат.

ејзиниот сопруг, 40-годишниот претприемач и инвеститор Алексис Охањан, ја сподели радосната вест за надополнувањето во семејството на Инстаграм.

Славната личност проговори и за раѓањето на нејзината ќерка објавувајќи емотивно видео на ТикТок.

На видеото Серена е облечена во розов спортски фустан, му пријде на сопругот и го бакна. Потоа во кадарот им се придружува најстарото дете на парот, 5-годишната Олимпија. Во еден момент Вилијамс покажува дека нешто заборавила. Таа го напушта семејството и се враќа со бебе во раце, кое го доби името Адира Ривер Оханјан.

„Добредојде, Адира Ривер Оханијан. Среќен сум што ве известувам дека во нашата куќа се здружува љубовта: среќно и здраво новородено девојче и среќна и здрава мајка. Се чувствувам благодарно. Серена сега ми даде уште еден непроценлив подарок. Благодарам на целиот неверојатен медицински персонал кој се грижеше за мојата сопруга и нашата ќерка“, напиша сопругот на Серена, во објава на Твитер.