Сергеј Милинковиќ Савиќ кажа „да“ на Саудиска Арабија и милионите на Ал Хилал
Сергеј Милинковиќ Савиќ летово ќе го промени клубот за што на големо се зборуваше. Србинот ќе ја смени средината, но тоа нема да биде ниту еден клуб од најдобрите лиги во светот, туку ќе оди во Саудиска Арабија!
Како што тврди италијанска „Република“, Сергеј решил да ја прифати понудата на Ал Хилал од Саудиска Арабија и да се пресели таму, бидејќи има само една година од договорот со Лацио.
Римјаните исто така би требало да заработат значителна сума во готовина од 40 милиони евра, што не е премногу кога се прави математика.
Од друга страна, огромна сума го чека Сергеј, кој во новиот клуб годишно ќе заработува над 20 милиони евра.
Веќе подолго време се шпекулира за заминување на овој фудбалер, а иако многумина го видоа во еден од најсилните клубови, тој реши да замине во Саудиска Арабија.