Сепаре на сплавот „Фристајлер“ чинело и до 2.400 евра, имало трипати повеќе луѓе од дозволеното

По потонувањето на белградскиот сплав „Фристајлер“, кој поради големото преоптоварување се најде под вода на новогодишната ноќ, гостите потврдија дека не им било обезбедена сигурност на објектот, а потрошиле многу пари.

Според рекламата за дочекот на Новата 2023 година во овој клуб, цената на билетот за ноќ се движела од 27, па се до неверојатни 1.000 евра, колку што изнесувала доплатата за таканареченото „сепаре Фристајлер“ со 6 премиум шишиња пијалоци по ваш избор.

На социјалните мрежи се појави комплетниот ценовник.

Само влезот на забавата чинел 20 евра, резервацијата на бар-маса за пет лица, која вклучува едно шише домашен пијалак чинело 230 евра, мало сепаре за осум лица и премиум шише 600 евра, ВИП сепаре за 12 луѓе, 1 шише премиум алкохол и 2 шишиња шампањ чинело 1.100 евра, ултра ВИП сепаре било 1.600 евра за 15 лица, а мега ВИП сепаре било 2.400 евра, при што во цената биле вклучени 2 шишиња премиум пијалоци и две шишиња шампањ Dom Perignon.

По инцидентот, многу гости биле разочарани од услугата, но сепак се среќни што излегле живи.

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ вчера информира дека на сплавот се качиле два до трипати повеќе луѓе од дозволеното и дека понтоните што биле додадени на сплавот не биле со иста издржливост како претходните.